ПОЛОВЕН S WAY MY2019: BORN TO LAST

IVECO S WAY обезбедува комплетно транспортно решение дизајнирано да го подобри животот на возачот и да им овозможи на сопствениците да работат ефикасно, профитабилно и одржливо.
IVECO S WAY го подига работното и животното искуство на возачот на ново ниво со кабина дизајнирана околу неговите потреби, обезбедувајќи пространа и добро поставена средина богата со комфорни карактеристики и напредни функционалности. Поставен е да стане омилен помеѓу возачите и нивен дом далеку од дома.


Во време кога логистичките оператори и сопствениците на возила се соочуваат со се пожестока конкуренција, IVECO S WAY со своите напредни технологии и иновативни услуги обезбедува извонредна ефикасност на горивото и одржливост заедно со ниските вкупни трошоци на сопственост.


IVECO S WAY е 100% поврзан камион во ера на проактивна и предвидлива поддршка. Неговото напредно поврзување ги одржува возачите секогаш во контакт со нивниот менаџер на возен парк, нивниот дилер и стручните специјалисти на IVECO, така што тие никогаш не се сами на патот. Исто така отклучува цела палета на иновативни услуги прилагодени на потребите на клиентите и развиени за да го одржуваат возилото на патот, функционирајќи најдобро и максимизирајќи ја ефикасноста на возниот парк.


Откријте ги нашите S WAY возила, BORN TO LAST!

 

 

 

ВИСТИНСКА КАБИНА ЗА СЕКОЈА МИСИЈА

Линијата на кабини на IVECO S WAY нуди избор на кабини кои одговараат на Вашата мисија: AS кабина за спиење, со висок и низок кров, АТ кабина за спиење, со низок или среден кров и AD кратка кабина со низок кров.


IVECO S WAY нуди целосна палета на крути возила, во дизел и Natural Рower варијанта погодни за сите мисии – од општински апликации и испораки до изменливи каросерии. Цврстата и издржлива шасија ја прави омилена кај надоградителите поради едноставноста и широката разновидност на можни конструкции.

ВОЗЕТЕ СО СТИЛ И ЖИВЕЈТЕ ВО КОМФОРТ

Секој детал е внимателно проучен за да се максимизираат аеродинамичните перформанси на возилото: сите простори и празнини се затворени за да се оптимизира протокот на воздух и да се обезбеди значително зголемување на ефикасноста на горивото. Целата област на возачот е создадена за да се обезбеди повеќе простор и одлична видливост.

Пространата нова кабина го нуди сето складирање што Ви треба, со добро распоредени пространи прегради. Обликуваната горна полица има огромен капацитет од 250 литри.

ДИСТИКТИВНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ: БРАНИК И ФУЛ ЛЕД СВЕТЛА

Редизајнираниот браник нуди избор на пластични и хибридни решенија за да одговараат на барањата на Вашата специфична мисија. Браникот од повеќе делови ќе Ве заштити Вас и Вашето возило – и ќе заштеди на трошоците на поправка бидејки треба да го замените само оштетениот дел.


IVECO S WAY е 100% целосно лед, одвнатре и однадвор, вклучувајќи ги и габаритните светла. Новите LED светла обезбедуваат совршено осветлување во кабината и на патот за безбедно ноќно возење.

ТЕМЕЛНА ИНСПЕКЦИЈА И ДЕТАЛНИ ПРОВЕРКИ

Нашите возила се подложени на низа инспекции и проверки по утврдена процедура пред да бидат пуштени на пазарот.


Сите половни возила сертифицирани од страна на IVECO им гарантираат на нашите клиенти дека добиваат возила кои не само што се сигурни туку се и во совршена состојба.


Покрај тоа S WAY Natural Рower се сертифицирани и проверени во согласност со сите локални законски барања.

ОД СТАРО ДО НОВО

За сите надоградби на возилата користиме само оригинални делови и компоненти на IVECO. На тој начин можеме да бидеме сигурни дека возилото е што е можно поблиску до првобитната состојба и ќе има долг втор век на траење.

ИСТИ БЕНЕФИТИ КАКО ЗА НОВО ВОЗИЛО

Нашата понуда вклучува дополнителни услуги, како гаранција која важи во цела Европа, услуги за помош на возачи и камиони, подобрена поврзаност и решенија за лизинг и финансирање.


Професионален тим ги подржува нашите клиенти при изборот на најсоодветно половно возило во склад со нивната деловна примена како би добиле најдобра вредност за своите пари.

ПРЕЗЕМИ БРОШУРА