DAILY MY2019 ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Останувајќи верен на вредностите што ја карактеризираа неговата ДНК (сигурност, ефикасност, разноврсност), DAILY стана референтна точка за иновации во секторот на лесни комерцијални возила.
Со DAILY MY19 комерцијалните возила се поблиску и поблиску до автомобилскиот свет со сите овие главни карактеристики:
ОДРЖЛИВОСТ И ПРОФИТАБИЛНОСТ
Фокусот на DAILY на ефикасноста обезбедува дополнителен чекор кон транспорт со нула емисии на јаглерод заедно со економичноста на горивото што во крајна линија ке биде во Ваша корист како и перформанси од врвна класа што Ви се потребни за ефективно да ја завршите Вашата мисија. Подобрувањето на дизајнот како и подолгите интервали за промена на маслото ќе ги намалат трошоците за оджување што ке придонесе за Вашата профитабилност.
До 10% намалување на потрошувачката на гориво
До 10% намалување на трошоците за одржување
АСИСТЕНЦИЈА ВО ВОЗЕЊЕТО И БЕЗБЕДНОСТ
DAILY прави значитечлен напредок на патот кон автономно возење и безбедност со воведување на комплетен сет на напредни системи за помош на возачот. Овие напредни технологии Ви се на располагање и тие Ви овозможуваат целосно да се фокусирате на Вашата работа која бара зголемен степен на мултитаскинг, со целосна безбедност. Тие го намалуваат ризикот од сообраќајни несреќи на автопатите и прометните градски улици, Ви помагаат во незгодни ситуации и го отсрануваат стресот во густиот сообраќај - во корист на квалитетот на Вашето делување и на Вашиот бизнис.
До 38% намалување на несреќите во урбан контекс со напредните системи за асистенција на возачот.
*Достапно само во некои верзии
КОМФОРТ И ВОЗАЧКО ИСКУСТВО
DAILY користи технологија за да обезбеди супериорно возачко искуство и совршена работна средина. Животот додека сте во возилото е полесен, поудобен и попродуктивен од било кога.
70% намалување на напорот за управување со новиот електричен серво управувач и градски режим
15% подобра видливост и перцепција на пречки со ЛЕД светла.
HI-MATIC: АПСОЛУТНО ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО
Ексклузивниот 8-брзински автоматски HI-MATIC менувач на DAILY е достапен низ целата гама, обезбедувајќи ги сите придобивки од удобност, безбедност, економичност и перформанси.
Можете исто така да уживате во сите овие предности заедно со оджливоста и нискиот ТСО на IVECO’s Natural Power технологија.
ПОДОБРЕНА ПОВРЗАНОСТ И УСЛУГИ
На DAILY, поврзувањето е многу повеќе од користење на Вашиот мобилен уред.Тоа е овозможување на цела палета на услуги што ни овозможува да го подржуваме Вашиот бизнис попроактивнио и поефективно, минимизирајќи ги прекините и максимизирајќи ја Вашата продуктивност.
Повеќе време на работа со проактивни услуги.
Оптимизирана ефикасност со следење на статусот на возилото и евалуација на стилот на возење.
*Достапно само во некои верзии